Судењето за Мијалков и Јанкулоска се одложи, судијата Бошевски барал изземање

by Fokus

Поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков, екс министерката Гордана Јанкулоска и останатите обвинети во случајот на СЈО за масовното прислушување „Таргет- Тврдина“ денеска седнаа на обвинителна клупа, но судењето се одложи бидејќи судијата Горан Бошевски, кој беше член на Советот побарал негово изземање.

Како што појасни судијката Џенета Бегтовиќ, судијата Бошевски побарал да биде изземен бидејќи бил дел од Советот кој го оценувал обвинителниот акт за „Таргет-Тврдина“

Наредното рочште е закажано за 27 март, до кога пак се очекува во земјава да бидат екстрадирани бегалците Горан Грујевски и Никола Бошковски, исто така обвинети во овој случај.

В.В.

Поврзани новости