Субрата Рој излезе од затвор без коса и без мустаќи

by fokus

Индискиот бизнисмен кој македонската Влада го донесе како инвеститор во Македонија, а потоа тој заврши во затвор, од денеска е повторно на слобода. Субрата Рој по две години поминати во затворот Тихар во Индија привремено е ослободен за да присуствува на погребот на неговата мајка.

Субрата затворот го напуши ќелав и без мустаќи, а наместо своите препознатливи одела брз ракави, носеше традиционална индиска облека.

Како што пишуваат индиските медиуми, бизнисменот нема да се врати во затвор, бидејќи првичната четиринеделна условна слобода е продолжена до 11 јули, до кога Рој треба да обезбеди кауција во висина од околу 30 милиони американски долари, што за него не би требало да претставува проблем.

Поврзани новости