Студентскиот марш утре ќе почне пред платото на УКИМ, а ќе заврши пред владата

by Фокус

Студентскиот пленум денеска ја најавија маршутата по која утре ќе се движат, почнувајќи од платото на УКИМ, каде ќе се соберат, па ќе продолжат кон Собрание и на крај маршот ќе го завршат пред зградата на владата.

Од таму тврдат дека сами изработиле 100 црвени крукчиња кои ќе ги носат околу лицето, за да не мора други да ги заокружуваат. Ова ќе биде втор студентски марш против најавениот државен испит во високото образование, откако претходно на изненадување на 17 ноември сите излегоа околу 3.000 студенти за да го изразат својот револт.

Поврзани новости