Студентски пленум задоволен од излезноста на првиот студентски референдум

Студентскиот пленум денеска го организира првиот студентски референдум за тоа дали Студентскиот парламент да продолжи да функционира како невладина организација или да биде под УКИМ со што би имало поголема контрола на парите. Од Пленумот велат дека досега гласањето се одвива во мирна, фер и демократска атмосфера и дека има изненадувачки голема излезност.

-Гласањето не почна на Ветеринарен, Земјоделски и на Факултетот за физичка култура затоа што немавме пријавени волонтери. На другите факултети веќе во првиот час имаме голема излезност, на поголемите факултети гласаа од 50 до 100 студенти, а на помалите од 20 до 50 студенти. Очекуваме уште поголема излезност по 12 часот – вели Борјан Ефтимов од Студентски пленум.

Откако ќе заврши референдумот, од Пленумот велат дека ќе имаат заеднички состанок со сите студенти и ќе одлучат за наредните акции.