Студентски пленум: Нема мир додека не се избориме за правна, слободна и просперитетна држава

by Fokus

Претставниците на студентскиот пленум, на денешниот протест пред владата против државниот испит, им се обратија на средношколците, нивните родители, баби и дедовци, но и на премиерот Никола Груевски.

На првите им рекоа дека уште незапишани на факултет, им го направиле животот пекол.

Вторите и третите ги прашаа како се чувствуваат кога гледаат како се пресметуваат со нивните деца и кога немаат да им дадат ниту 500 денари на нивните внуци?

На премиерот Груевски, пак, му порачаа да не се чуди зошто протестираат и да дојде да ја погледне големата топла.

– Ќе продолжиме се додека не добиеме правна, слободна и просперитетна држава, дотогаш ќе нема мир – рече еден од говорниците од Пленумот.

PROT

Поврзани новости