Студентски пленум ќе протестира за Кежаровски

by Фокус

По примерот на професорите и Студентскиот пленум застанува зад протестот за Кежаровски. Тие јавно ги повикаа пленумците да излезат во вторник и да се спротивстават на насилството на власта.

„Неутралноста му помага на угнетувачот, никогаш на угнетуваниот. Молкот го охрабрува мачителот, никогаш мачениот.

Граѓани, заземајте страни!

Студентски пленум го поддржува протестот против пресудата за новинарот Кежаровски. Во држава што си ги затвора новинарите не можеме да очекуваме слободни и непристасни медиуми и медиуми што ќе известуваат за студентските протести“- повикаа студентите.

Поврзани новости