Студентски пленум денеска во 12 часот ќе ги блокира студентските избори

by Fokus

Студентскиот пленум денеска од 12 до 16 часот ќе излезат на платото на УКИМ за да ги блокираат студентските избори, кои според нив се незаконски и нелегитимни.

– Потсетуваме дека блокадата не е кривично дело како што претходно пренесоа некои медиуми. Ние сите сме членови на Студентски парламент и како такви, обесправени сме прво во делот да кандидираме наш кандидат, потоа да имаме пристап до правните акти што ги регулираат изборите, пристап до Собранието и до состаноците на Студентскиот парламент – велат од пленумот.

Студентите порачаа дека имаат право да спречат избори кои се нелегални и нелегитимни.

Поврзани новости