Студентите и професорите вечерва со поставување крст пред Собранието и со палење свеќи го „погребаа“ високото реформирано образование

by Фокус

Нема да дозволиме и не се откажуваме, донесовте закон со кој ни го уништивте патот. Ќе бојкотираме, блокираме и окупираме. Со овие зборови вечерва излегоа студентите и професорите во 19 часот со свеќи во рацете и со поставување на крст пред парламентот го „погребаа“ високото образование, откако еден час претходно Собранието со 67 гласа „За“ и 6 „против“ го усвои воведувањето на државниот испит на факултетите и новите законски измени.

Студентите оопштија дека почина „Високото македонско реформирано образование“. Но, сепак повторија дека нивната битка продолжува.

– Универзитетот е на студентите, постои и се развива ради нив. Штотуку донесовте закон кој го не само што ја погребува автономијата и самите универзитети туку и идејата дека студентите се дел од ова општество. Ние сме иднината на Македонија, а вие денес ни го уништивте патот по кој ние треба да се издигнеме како граѓани. Чувствуваме граѓанска одговорност да ја заштитиме слободната мисла. Авторитетите не смеат да бидат апсолутни- истакнаа дел од студентите.

Сепак, професорите не се изненадени од изгласувањето на законот. Според нив, тоа било очекувано.

– Не сме изненадени. Велат со секоја смрт завршуваат лоши работи, а животот претставува појава на нешто ново, чисто неискварено, така што во секоја лоша работа има една добра, нова нула од која почнува да расте бројката нагоре, вели професорот Никос Чаусидис.

Од Студентскиот пленум на денешниот протест нагласија, дека ако законот биде изгласан, тие ќе ги искористат сите мерки што им стојат на располагање и ќе делуваат вонинституционално.

Поврзани новости