Струмица ќе гради нов НВО центар по мерка на граѓаните

by fokus

Oпштина Струмица ќе гради нов НВО центар за граѓанските организации. Ова беше одлучено на граѓанскиот проектен форум организиран од Центарот на заедницата и општина Струмица, каде се дебатираше за осум проекти од стратегиите за млади, образование, социјална заштита и соработка со невладините организации.

Изградбата на новиот НВО центар во Струмица ќе чини 2,2 милиони денари, пари што ќе се обезбедат од Општина Струмица и Фондацијата Отворено општенство Македонија.

Центарот ќе има канцеларии за граѓанските организации и мултимедијална конференциска сала каде ќе ги реализират своите трибини, дебати и проектни активности, а изградбата треба да биде завршена во текот на оваа или наредната година.

Поврзани новости