Струмичанецот осомничен за силување жени доби 30-дневен притвор

by Fokus

Струмичанецот кој е осомничен за силување на жени по предлог на јавен обвинител, а од страна на судија на претходна постапка му е одреден 30-дневен притвор.

Според информациите во полицискиот билтен, пријавениот пред еден месец околу 03.30 часот, со намера да  ги присили на сексуален однос лицата Ѓ.С и А.М, насилно ги влечел кон неосветлениот дел помеѓу објектот на Шумска полициска станица Струмица и сендвичара „Тинејџер“ во Струмица, додека истите давале активен отпор и викале да ги пушти. Додека се обидувал да ги одвлече пријавениот  гласно кон нив се обраќал со вулгарни зборови.

На  01.12.2017 година, околу 00.40 часот,  на ул.„Гоце Делчев“, пред влезот на ЈП„Македонски пошти“, пријавениот  ги нападнал лицата Ѓ.С и Т.К, на тој начин што им се нафрлил и почнал да ги фаќа по градите и задникот додека истите давале отпор  и викале за помош.

Поврзани новости