Струмичанец осомничен за две силувања, доби кривична пријава

by Fokus

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство во Струмица, поднесе кривична пријава против O.Х (35) од Струмица  поради постоење на основано сомнение дека пријавениот сторил  две кривични  дела „Силување“, предвидени во член 186  став  1, вв со чл.19 и две кривични дела „Силување“ , предвидени во член 186 став 4  од  КЗ

Имено, пријавениот на 17.11.2017 година, околу 03.30 часот, со намера да  ги присили на сексуален однос лицата Ѓ.С и А.М, насилно ги влечел кон неосветлениот дел помеѓу објектот на Шумска полициска станица Струмица и сендвичара „Тинејџер“ во Струмица, додека истите давале активен отпор и викале да ги пушти. Додека се обидувал да ги одвлече пријавениот  гласно кон нив се обраќал со вулгарни зборови.

На  01.12.2017 година, околу 00.40 часот,  на ул.„Гоце Делчев“, пред влезот на ЈП„Македонски пошти“, пријавениот  ги нападнал лицата Ѓ.С и Т.К, на тој начин што им се нафрлил и почнал да ги фаќа по градите и задникот додека истите давале отпор  и викале за помош.

Веднаш по пријавувањето на кривично-правниот настан, Отсекот за општ криминалитет  при СВР Струмица  превзеде активности во насока на пронаоѓање  на сторителот.

На 16.12.2017 година од страна на униформиран полициски службеник, при вршење на службена должност,  на регионалниот пат Струмица-Радовиш, во близина на бензиската пумпа „Лук Оил“, било забележано паркирно ПМВ и при примена на полициско овластување- легитимирње на лицата во возилото, бил   легитимиран  и  пријавениот.  Поради основано  сомнение дека е сторител на наведените кривични  дела, пријавениот е лишен од слобода и задржан  во просториите на СВР Струмица.

 

Поврзани новости