Стојанче Ангелов се враќа во МВР

by fokus

Враќање на отпишаните – вака Стојанче Ангелов го најави своето враќање во Министерството за внатрешни работи. Тој на својот Фејсбук профил напиша дека по долго размислување, во согласност со препораката на раководството на “Достоинство“, откако го известил врвот на коалицијата “ВМРО за Македонија“, одлучил да го прифати предлогот на премиерот Зоран Заев и министерот Оливер Спасовски да се врати во МВР.

-Моето враќање во МВР е на професионална основа, се темели на моето 25 годишно присуство и искуство во областа на безбедноста, моето 16 годишно работно искуство во МВР од кои 7 во Единицата за специјални задачи “Тигар“ и не е условено со политичка соработка. Длабоко во себе верувам дека одвнатре, од МВР, со мојот авторитет и со моето полициско, политичко и интернационално искуство ќе можам да му помогнам на министерот Спасовски во неговата намера да го издигне МВР во една чесна, високо професионална и респектабилна институција, напиша Ангелов.

Во МВР ќе се врати и неговата сопруга која, како што напиша, таму работела повеќе од 14 години, сѐ до март 2015 година, кога поради нечовечен однос кон неа, самата одлучила да си даде отказ.

Поврзани новости