Стојанче Ангелов: Нема практични, ниту чесни причини за двојазични униформи

by fokus

Стојанче Ангелов денеска на својот Фејсбук профил напиша дека е категорично против двојазични, односно тројазични (македонски, англиски и албански) униформи.

-Од осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година полициските униформи се ДВОЈАЗИЧНИ, напишани на кирилица на македонски јазик (ПОЛИЦИЈА) и на латиница на англиски јазик (POLICE). Не верувам дека во Македонија, дури и во најзафрлените планински села, постои човек кој не умее да го прочита и разбере зборот ПОЛИЦИЈА или зборот POLICE. Од професионален полициски аспект исто како и од аспект на реалните потреби на македонските граѓани, не постои ниту една единствена, практична, но воедно и чесна причина кон Република Македонија, која го оправдува користењето на албанскиот јазик на униформите на македонската полиција, пишува Ангелов.

Тој додава дека причините поради кои албанскиот политички фактор инсистира а дел и уценува за користење на албанскиот јазик на униформите на македонската полиција се од сосема поинаква природа.

Поврзани новости