СТИЛ: Сликата на пратеничките во Собранието со конзервативен изглед и натапирани коси е депресивна

by Fokus

Ако не гледате седници на Собранието, тоа веднаш треба да го направите. Да гледате. Зашто така, сликата за пратениците што ја немате, ќе ја добиете, особено за пратеничките.

Таа конзервативност во изгледот во законодавниот дом е најмалку речено депресивна. Тие жени со својата реторика, која директно произлегува од нивното поимање на светот изгледаат необоено, дури не ни црно-бело, туку во сиви нијанси. Тие натапирани коси, таа спакуваност во некаков филм одамна застарен, не мириса на добро. Изгледот никогаш не е за занемарување, кога се работи за човек што треба да ја решава нашата судбина преку предлагање и гласање закон. Слушнете ги нивните зборови и видете ги нивните лица. Рангелова? За неа ниту една хартија не е доволна за да се опише таа агресија и вулгарност спротивставена на оваа другата необоеност и конзервативност. Но, може и друго да реши пишувачот. Наместо да потроши многу хартија за да го опише тој стил на обраќање, кој директно произлегува од стилот на живот, да не потроши ниту еден лист.

Она што може да го видат очите, многу тешко може да го доловат зборовите. Затоа, гледајте ги.

О.Д.

Поврзани новости