СТИЛ Најбезличниот политичар, секогаш со ист израз на лицето

by Fokus

Кога сме кај вратоврските, не може да не ги спомнеме политичарите, а меѓу нив најбезличниот. Трајко Вељановски. Како отсекогаш да носи иста вратоврска, како што како отсекогаш да има ист израз на лицето. Исто е и со секое друго парче облека што ќе го стави на себе. Потполно сеедно е дали костумот е сив или црн, тегет или во некоја друга боја, дали носи маица или пругаста кошула, безизразноста си го прави своето. Едноличниот тон со кој зборува влијае на комплетниот впечаток за него. Така што секогаш кога зборуваме за некое парче облека, тоа не се однесува на секој маж. Вратоврската е забележителен детаљ само кај мажи со интегритет, може да влијае на комплетниот впечаток за нив. Во спротивно, таа е безлична, иако има мотив.

Со еден збор речено, вратоврската има значење само доколку се вклопува во личноста на мажот што ја носи. И најскапата вратоврска е беспредметна доколку не е поткрепена со став. Трајко Вељановски може да носи и од горенаведените неприфатливи вратоврски. Сеедно е.

О.Д.

Поврзани новости