Стевананџија на седница го цитираше „Тешкото“ од Блаже Конески

by Fokus

Денешната собраниска седница е проследена повторно со реплики и контрареплики меѓу „вмровците“ се со да се блокира разрешувањето на јавниот обвинител Марко Зврлевски.

Димитар Стевананџија, осврнувајќи се на промената на директорската позиција во „Танец“ ја рецитираше „Тешкото“ од Блаже Конески, а која им ја посвети на културните работници во Македонија.

– Овие стихови им ги посветувам на сите културни работници да си ги искинат дипломите и да ги фрлат пред Министерството за култура затоа што од денеска директор на „Танец“ е човек со средно градежно образование. Денеска дискутираме за Зврлевски за да се прекрие средбата на Заев со Динко Велев – бугарскиот ловец на мигранти – рече Стевананџија.

Поврзани новости