Стејт департмент: Во Македонија се уште има членови и симпатизери на ИД

by fokus

Поради воениот притисок на екстремистите од Исламска држава, во 2016 година Европа била мета на масовни терористички закани, стои во извештајот на Стејт департментот за тероризам и се додава дека заканите и понатаму се присутни.

Во делот од извештајот за Македонија се наведува дека македонските власти проценуваат дека членови и симпатизери на ИД и понатаму има во земјата. Стејт департментот потсетува дека Македонија во 2016 година спровела три различни антитерористички акции, од кои една била во координација со властите на Албанија и на Косово, што довело до апсење на 23 лица во Албанија, Косово и во Македонија.

Стејт департментот наведува дека потребно е да зајакнат капацитетите на Македонија за детектирање и за спречување терористички акти без меѓународна поддршка.

Во извештајот, исто така, се наведува дека на земјата ѝ недостига правна рамка за борба против перење пари и финансирање тероризам, како и криминализација на финансирањето на тероризмот, а нема ни јасни механизми за имплементирање на мерките од ОН.

Поврзани новости