Стаменковски: Не сакаа да ме оперираат зашто сум бил опозициски новинар

by Фокус

Сопственикот на порталот „Доказ.мк“, Марјан Стаменковски за 24 Вести вели дека директорот на Клиниката за уво, нос и грло, Никола Николовски, одбил да го оперира, бидејќи како што рекол тој, Стаменовски бил опозициски новинар.

„Го пика носот секаде, па нема сега јас да му го лечам!“, му се обратил директорот Николовски на сопственикот на порталот, кој пред неколку дена беше претепан пред неговиот дом.

Директорот на Клиниката ги демантира ваквите тврдења на Стаменковски и вели дека пацинетот професионално бил згрижен на клиниката каде му била извршена операција.

Стаменковски најави дека случајот ќе го пријави во Лекарската комора, а Николовски најави тужба за клевета.

 

Поврзани новости