ССК oд Заев побара сузбивање на сивата економија и реформи на инспекциските служби

by fokus

Реформа на инспекциските служби, сузбивање на сивата економија и учество на деловната заедница во креирањето на економските политики, се трите клучни барања што Сојузот на стопанските комори (ССК) му ги испорача денеска на деловен појадок на владиниот економски тим предводен од премиерот Зоран Заев.

ССК пред Владата претстави пакет од 75 мерки кои, како што изјави претседателката на Сојузот Данела Арсовска, се во насока на спроведување на структурните реформи и подобрување на инвестициската клима и деловното опкружување во земјава.

Според неа, од особено значење за бизнис заедницата е ефикасноста на администрацијата на централно и локално ниво.

Арсовска укажа и дека ако економските мерки што ги предлага стопанството се имплементираат во целост, ќе се обезбеди повисока стапка на раст на долг рок.

На деловниот појадок присуствуваат повеќе од 200 компании, ресорни министри, амбасадори, претседатели на комори.

Поврзани новости