Средношколците од Битола денеска излегуваат на протестен марш

by Фокус

Средношколците од Битола денеска точно напладне ќе се соберат на протетстен марш пред средното медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ за укинување на екстерното тестирање и враќање на стариот модел на државна матура.

– Средношколскиот пленум „излегува на марш затоа што истите беа игнорирани од Министерството за Образование и Наука. Затоа што откако со години го малтретираа, го убија средното образование. Затоа, да излеземе да го вратиме! Образованието е јавно добро и е коренот на општеството. Од него произлегува сè останато. Наша обврска и општествена одговорност е да се бориме за квалитетно образование. За нас, за нашето општество! Со квалитетот нема компромис, за квалитет не се преговара. Затоа, да маршираме во борбата за подобро образование и во борбата за подобро општество – се вели во повикот на средношколците од Битола.

Поврзани новости