Средношколскиот пленум во недела кани на отворен состанок

by Фокус

Средношколскиот пленум (СП) информира дека на 1ви март (недела) во градскиот парк кај „Школка“ во 12 часот организира отворен состанок на кој ќе се разговара за работата на интерните пленуми, нивното функционирање и координација.

– Настанот има за цел ги информира младите за делувањето на Пленумот, идните активности, интерните пленуми. Средношколскиот Пленум ги очекува и Вашите мислења и ставови кон подобрување на процесот на младинско учество, како и консултации за идните мерки како „пленумци“ – се вели во соопштението на Средношколскиот пленум.

Претходно пленумот на средношколците ја информира јавноста дека почнале да се фомираат локални пленуми кои треба да доведат до поголема вклученост и координација меѓу средношколците во активностите и одлуките на СП.

Барањата на СП се измени во начинот на екстерното тестирање, како и укинување на математиката за задолжен предмет за државна матура.

Досегашни облици на средношколско организирање скоро и да не постојат освен една унија на средношколци што е  и официјално регистрирана во Централниот регистар, но нејзиниот деловен статус не е активен. Според истражување на темата средношколско организирање кое го има направено Младинскиот образовен форум пред 2 години, последните активности на унијата на средношколците се забележани пред пет години.

Поврзани новости