Спилберг прогнозира Оскар за македонскиот филм „Со љубов“

by fokus

Легендарниот Стивен Спилберг смета дека македонскиот документарен филм „Со љубов“  е најдобриот документарец кој го видел во последните години и заслужува да освои Оскар, пренесува „Docsinsights“.

-Ве позиционира апсолутно во душата на главниот лик, вие не дознавате за деталите на неговото минато или неговата иднина, вие само гледате како луѓето кои се најблиску до него реагираат во неговото опкружување, и ова создава едно запознавање кое е топло и блиско до срцето, рече Стивен Спилберг на премиерата на филмот во Торонто.

Филмот на Илија Цветковски и Атанас Георгиев е приказна за Дионис, професор по биологија пред пензија и неговиот сон. Тој поседува повеќе од сто половни коли, од кои повеќето не функционираат, но тој секоја вечер спие до нив, сонувајќи неговата необична колекција да ја претвори во музеј.

Поврзани новости