Спасовски: Во соработка со ЕУ да го надминеме проблемот со мигрантите

by Фокус

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски беше во посета на јужната граница каде ескалираше состојбата со мигрантите кои со камења фрлаа кон полицијата и армијата додека се поставуваше оградата меѓу Македонија и Грција.

-Оддавам признание на полицајците. Се надевам во соработка со ЕУ ќе се надмине овој проблем. Мораме во Република ‪‎Македонија‬ да ги насочиме сите можни капацитети да имаме стабилност за граѓаните на Македонија и на хуман начин да бидат прифатени бегалците – рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој ги посети повредените полицајци кои настрадаа во нередот.

Инаку, при инцидентот 18 полицајци беа повредени и сите завршија во болница. Мигрантите се налутени затоа што македонските граничари не ги пропуштаат да преминат преку Македонија кон државите од Западна Европа.

Поврзани новости