Спасовски со нова телеграма со објаснување за одземањето на овластувањата

by Фокус

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска испратил нова телеграма во која ја дообјаснува вчерашната одлука за одмезањето на овластувањата на раководителите во МВР, објави МИА.

-Во врска со телеграмата бр.131-60 од 12.11.2015 година, со која престануваат да важат овластувањата од министрите за внатрешни работи кои раководеле со Министерството за внатрешни работи до денот на донесување на наведената Одлука за избор на членови на Владата на Република Македонија, информирам дека истата се однесува на сите пренесени овластувања, освен овластувањата за донесување решенија, други управни акти и документи во управни работи, овластувањата за прием и заведување на актите во деловник и уписник и овластувањата за ракување со печати и штембили, кои ќе важат до донесување на нови решенија за пренесување на предметните овластуања, стои во новата телеграма.

Таа е испратена до  раководителите на сите организациски единици во седиштето на Министерството, Бирото за јавна безбедност, централните полициски служби, сите сектори за внатрешни работи, Управата за безбедност и контраразузнавање и сите сектори во Управата за безбедност и контраразузнавање на територијата на Република Македонија.

Поврзани новости