Спасовски – Селмани: Да се преземат мерки за зголемување на безбедноста на медиумските работници

by fokus

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со претседателот на Здружението на новинари на Македонија Насер Селмани.

Спасовски и Селмани се согласиле дека медиумите се меѓу најважните столбови на едно демократско општество и затоа мора да се преземат мерки за зголемување на безбедноста на медиумските работници.

„Соговорниците разговараа за проблемот со 53 нерешени случаи на насилство врз новинарите. Министерот Спасовски го информира Селмани дека Министертвото за внатрешни работи, изработи анализа со цел прецизно да се утврди на кое ниво се истрагите за овие случаи. Особено заради фактот што во зависност од лицето кое било нападнато, има очигледна разлика во обемот на оперативните истражни дејствија од страна на службите во министерството. Најголем проблем претставува тоа што во одредени предмети се пропуштени дејствија и постапки кои требало да бидат преземени во кратки временски интервали за да се добијат валидни резултати. Но, како што објасни Спасовски, сега оперативните истражни дејствија во МВР се интензивирани и во наредниот период ќе бидат презентирани конкретните резултати“, се наведува во соопштението.

Министерот Спасовски и Селмани се договорија да се воспостави поинтензивна комуникација меѓу МВР и ЗНМ, за да може полесно да се решаваат евентуалните проблеми во иднина.

Поврзани новости