Спасов поднел кривична пријава против група Албанци

by fokus

Дополителниот заменик министер за труд и социјална работа и екс министер, Диме Спасов, по давањето исказ во полициската станица Карпош, поднел и кривична пријава против неколку лица од албанска етничка припадност од населба Серава, пренесе А1Он.

Спасов кој во полицијата се појави по цело деноноќие во исказот тврдел дека ноќта кон саботата, лицата го бркале и го нападнале и затоа тој бегал. Останува нејасно зошто тоа не и го кажал на полициската патрола која го сопрела и од која, според записникот на МВР, тој побегнал.

Според полицискиот извештај, Спасов предизвикал две сообраќајни несреќи, акога бил сопрен од полицијата дал изјава дека тој управувал со возилото. По неколку минути со трчање избегал од местото, а ја оставил неговата сопатничка. По неколку часа на местото дошло друго лице кое тврдело дека тоа управувало со возилото, а не Спасов. Полицијата не го прифатила овој исказ, бидејќи лицето не ги знаело околностите под кои настале сообраќајните несреќи, а и самите полициски службеници при сопирањето на возилото виделе дека во него биле само Диме Спасов и неговата сопатничка.

Поврзани новости