Спасени 6 деца од пожарот што зафати четири згради во Чаир

by Фокус

Единаесет лица се повредени, а во болница завршиле шест, од кои 4 деца во четирите стана кои изгореа во зграда на улицата „Цветан Димов“ во општина Чаир.

Пожарот од засега не познати причини се појавил на 5-от кат. За само десетина минути огнот го зафатил  и шестиот и седмиот кат. Пламените јазици и чадот кои веднаш се прошириле во целата зграда ги принудиле дел до станарите да бегаат нагоре и се засолниле на покторвјето кое излегува на тераса. По еден час, пожртвуваност на неколку соседи и пожараникари биле спасени 5 деца, мајка, баба и едно бебе  и биле предадени на Брзата Помош која спремно ги дочекала пред самиот влез на зградата.

Поврзани новости