Спас за Валандово: Изградбата на рудникот Казандол е се поголема опасност за почвата и водата

by Фокус

Граѓанското здружение Спас за Валандово денеска уште еднаш предупреди дека изградбата на рударскиот комплекс Казандол, која е во тек, претставува се поголема опасност за почвата и водата. На својата Фејсбук страница Здружението објави серија фотографии за кои вели дека се доказ дека почвата и водата не се заштитени.

„Оваа црна фолија е фамозната гео-мембрана од финско потекло која инвеститорот и институциите не убедуваа дека ќе ја заштити почвата и подземните води од загадување со сулфурна киселина. Погледнете ги фотографиите и проценете колку е ова безбедно. Појавени огромни процепи насекаде во езерото обележани со црвени кругови уште во фаза на изградба. Се прашуваме како ова го нема констатирано Државен инспекторат за животна средина во неодамнешната инспекција?, прашуваат од Здружението.

 

Поврзани новости