Советот на јавни обвинители и одобри 12 помошници на Јанева

by Фокус

Наместо првично предвидените 14, специјалната обвинителка доби 12 помошници со кои ќе работи на предмети кои произлегуваат од „бомбите“ на опозцијата. Советот на јавни обвинители денеска на Јанева и одобри уште пет помошници, како што велат, на нејзино барање.

Како што објасни Советот, специјалната обвинителка денеска околу 12 часот доставила ново барање и побарала уште пет нови обвинители, покрај претходно одобрените седуммина.

-Јанева достави појаснувања и наведе нови околности, кои за Советот на јавни обвинители беа прифатливи, рече претседателот на Советот, Петар Аневски.

Од оние седум обвинителни што беа на списокот на Јанева и чекаа да бидат одобрени од Советот, отфрлени беа Дарко Јакимовски и Снежана Бундалевска, а Советот ги одобри Гаврил Бубевски, Милица Ристевска, Трајче Пеливанов, Артан Ајрон, како и Лиле Јанева, која работеше на случајот „Пуч“ против Зоран Заев.

Поврзани новости