Советник од Охрид се откажува од партиските активности во ВМРО-ДПМНЕ

by Fokus

Дејан Пановски Пана, актуелен советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Охрид на својот фејсбук профил напиша дека повеќе нема да учествува во активностите на опозициската партија.

„Не ја оценувам потребата, моментот и интенцијата на некои натписи во кои има и невистини. Многу битна вест. Но, нивно право. Точно е само дека секогаш сакав да помагам на Охрид, Македонија и партијата. Да,тоа не беше ценето ама ОК. И затоа навистина не гледам повеќе на кое ниво во активната политика би бил. Останувам поддржувач на вистинските вредности. Се надевам дека низ политичката борба придонесов нешто во борбата за Охрид, посебно за зачувување на неговите вредности. Стручната борба допрва станува посилна за Охрид …“, напиша тој.

Тој е поранешен државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање.

Поврзани новости