Сообраќајот на патот Шипковица-Бродец е во прекин

by fokus

Сообраќајот на излезот од село Шипковица, на патот кон село Бродец е во прекин поради свлечиште во висина од еден метар и должина од 100 метри. Како што информира АМСМ, сообраќајот на регионалниот пат Тетово-Јажинце се пренасочува поради зголемено количество на вода на Поројска река.

Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација и поголема внимателност низ клисурите и засеците, каде што е можна појава на одрони.

Поврзани новости