Солза Грчева на анти-НАТО протест со Левица 

by fokus

Група граѓани и повеќе граѓански здруженија со анти-НАТО транспаренти протестираат  пред Собранието, поради посетата на Македонија на Генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг. Меѓу демонстрантите се членови на партијата Левица, како и поранешната пратеничка Солза Грчева.

Грчева претходно повика на протест преку Фејсбук со пораката „да кажеме дека имаме едно име – Република Македонија“.

Протестот е обезбедуван од полициски службеници, чиј број се зголеми откако една бандера од уличното осветлување падна од силниот ветар на улицата пред Собрание.

На транспарентите на демонстрантите пишува: „Против војна за профити“, „Во НАТО ниту под уставно име“.

Поврзани новости