Софески најверојатно починал од срцев удар

by Фокус

Поранешниот воен разузнавач Горан Софески, кој денеска беше пронајден мртов во шумски појас во близина на селото Раштани, најверојатно починал од срцев удар. На телото на Софески немало траги на насилство.

Според првичниот увид на јавен обвинител и полициските екипи, а потоа и извршениот преглед на медицински екипи се претпоставува дека причина за смртта на Софески бил срцев удар.

Како што информираат од СВР Охрид, на телото нема да биде направена обдукција, бидејќи индикациите покажувале дека смртта настапила природно, поради здравствени проблеми што ги имал Софески. Телото веќе е предадено на неговото семејство.

44- годишниот Горан Софески  беше поранешен шеф на военото разузнување. Беше критички настроен кон власта, а ја откри и аферата за шверцот со армиско оружје. Неодмна бил прераспореден во касарната во Куманово во единица која бара најдобра физичка подготвненост, иако имал проблеми со срцето.

Поврзани новости