Собраниската расправа за Буџетот продолжува после полноќ

by Fokus

Собранието на Република Македонија и доцна вечерва расправаше за Предлог завршната сметка за Буџетот за 2016 година, во рамки на осмата седница. Во тек е пауза на барање на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев, а претседателот на Собранието Талат Џафери најави продолжение на расправата за еден часот по полноќ.

– Оставам на пратениците да мислат колку е тоа добро или не а граѓаните ќе проценат дали е тоа добро или не. Ќе ја водам седницата како што пропишува Деловникот – рече Џафери.

Поврзани новости