Собранието набави подароци вредни 38.000 евра

by Фокус

Претседателот на Собранието, Трајко Вељановски, на своите гости кои ќе дојдат во официјална посета на македонскиот парламент ќе им подарува накит и приврзоци изработени од македонски рубин, рачно изработени експонати, односно златни маски и крстови, како и подароци со логото на Собранието.

Овие подароци се дел од јавната набавка која Собранието ја извршило минатиот месец, а склучениот договор вчера беше објавен на сајтот на Бирото за јавни набавки. Овие подароци ќе го чинат Собранието над 38.000 евра, односно на оваа сума е склучен тендерот.

Меѓу подароците се наброени: брош пеперутка со македонски рубин, копчиња за манжетни, сребрена лажичка, ракотворба кошула и елек, копии од артефакти, монети, како и плакети, приврзоци и пенкала со логото на Собранието.

Поврзани новости