Собранието на 11 септември почнува расправа за интерпелациите на министрите

by Фокус

Собранието ќе расправа за интерпелациите што опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги поднесе за дел од владините министри на 11 септември, кога на дневен ред се закажани интерпелациите на министерот за земјоделство Љупчо Николовски, за труд и социјала Мила Царовска и за министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Инаку, ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација за Николовски поради неодговорното однесување за време на пожарите, за Царовска поради Стратегија за бегалците, додека за Димитров поради договорот за добрососедство со Бугарија.

Воедно, од партијата на Никола Груевски поднесоа интерпелации и за министрите за здравство Арбен Таравари, за животна средина Садула Дураку, за култура Роберт Алаѓозовски и за финансии Драган Тевдовски.

Поврзани новости