Собранието ќе расправа за интерпелациите на Царовска и Николовски

by Fokus

Собранието на Република Македонија денеска на седница ќе расправа за седум точки, меѓу кои и интерпелација за двајца министри од новата Влада.

Пратениците ќе расправаат за интерпелација на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и за министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, поднесени од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерепелација за Царовска поради тоа што министерката не ги консултирала граѓаните при формирањето на стратегијата за мигранти и бегалци. Исто така, според нив, Николовски не се справил добро со пожарите.

Вчера, пратениците расправаа и за интерпелацијата на министерот за надворешни работи Никола Димитров, која со 43 гласа „за“, 56 гласа против и ниту еден воздржан, вчера на полноќ ја отфрлија.

Поврзани новости