Со партиска наредба наставниците од Охрид и Струга ќе се приклучат на контрапротестот

by Фокус

На наставниците од училишта во Охрид и во Струга им стигнала партиска наредба утре изутрина во 5 часот да се соберт на одредени локации и со автобуси да тргнат кон Скопје и да им се приклучат на контрадемонстрантите пред Уставен суд. Неколкумина исплашени наставнички контактираа со Фокус и потврдија дека наредбите биле со закани за откази од работните места.

Тие освен низ медиумите тврдат дека пријавиле во организацијата „Цивил“, но и во Просветниот инспекторат за да дојде утре и да изврши контрола низ училиштата и да утврди дали има настава и кој ја издал наредбата просветарите наместо на часови да отпатуваат на партиска задача во Скопје.

Наставниците кои нема да послушаат и ќе останат на работните места пренесуваат дека ќе ја бојкотираат наставата во знак на револт заради погазување на просветарската професија која се злоупотребува од власта. Ваквата мобилизација на ВМРО ДПМНЕ следува по вечерашниот масовен протест на Граѓанската иницијатива „Ајде“ на кој се приклучи и опозицијата.

Поврзани новости