Со 69 гласа „за“ Собранието го изгласа Законот за употреба на јазици

by fokus

Собранието со 69 гласа „за“ го изгласа Законот за употреба на јазици на денешната пленарна седница, на која присуствуваше и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Законот беше едногласно донесен, односно „за“ гласаа сите пратеници кои се произнесоа на денешната седница. Воздржани немаше, а немаше ни против.

Сепак, при второто гласање, на кое се произнесуваа пратениците од помалите етнички заедници, имаше еден глас воздржан. Како што појасни претседателот на парламентот, Талат Џафери, овој закон се носи со мнозинство пратеници од помалите етнички заедници. Од овие пратениците гласаа вкупно 28, од кои 27 „за“ и еден воздржан.

Поврзани новости