Смена на началници во МВР

by Фокус

Новиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски ги сменил началниците во пет Сектори за внатрешни работи.

– Промени се направени заради тоа што сметам дека има сериозни пропусти. Не може да се толерира упадот во УКИМ, не може да се толерираат истрагите кои на некој начин биле во застој за нападот врз новинарите, нема да се толерираат однесувањата на некои началници кои ги повикувале луѓето да се приклучат кон една политичка опција на штета на друга и некои други активности – изјави Спасовски.

Сменети се Ивица Вучевски, началник на СВР Скопје, Методија Атанасовски, началник на СВР Битола, Моме Јакимовски, началник на СВР Куманово, Петре Игнов, началник на СВР Велес и Оливер Ефтимов, началник на СВР Охрид.

Поврзани новости