Случај „Насилството во Центар“:Обвинет не дојде на судење бидејќи има ларингит, СЈО побара притвор

by Fokus

На денешното рочиште за случајот „Насилството во центар“, во кој меѓу обвинетите се и екс премиерот Никола Груевски и екс министерот Миле Јанакиески, не се појави еден од обвинетите поради што обвинителката Фатиме Фетаи побара да му се изрече мерка притвор.

Во судница не се појави обвинетиот Милан Андоновски, а неговиот адвокат Димитар Дангов појасни дека бил болен и од 9 март по предлог на специјалист е на боледување во траење од 14 дена.

Обвинителката Фетаи откако го разгледа извештајот од специјалист истакна дека обвинетиот имал ларангитис и дека докторот препорачува 14 дена да нема физички напор.

-Доколку денеска дојдеше обвинетиот сигурно немаше да има физички напор. Неговото отсуство е со цел да ја одоговлече постапката. Ова е трет пат како истиот обвинет не се појавува. Очигледно е дека избегнува да дојде, затоа предлагам да му се изрече притвор, рече Фетаи.

Обвинителот Гаврило Бубевски истакна дека обвинетиот во судница немало да кога, па затоа требало да дојде.

– Барам да му се одреди притвор, па таму ќе ја добое соодветната терапија амосиклав, кој половина од присутните сигурно го примаат, рече Бубевски кој додаде дека можеле барем на дијагнозата ларангит да му додадат и температура за да звучел поубедливо.

Адвокатот Дангов истакна, дека барањето на обвинителите од СЈО на обвинетиот да му се изрече притвор го сфаќа како закана за останатите обвинети, кои не смеат да се разболат додека се води оваа постапка. Судијата го одби барањето на СЈО, односно не му одреди притвор на Андоновски.

Судењето се одложи за 3 април.

В.В.

Поврзани новости