Скопјанка пријавила дека нејзиното дете е злостувано од таткото

by Fokus

Мајка пријавила во полиција дека татко го злоставувал своето осумгодишно дете, информираа од МВР.

Според информациите во полицискиот билтен, пред три дена било пријавено дека во Ургентниот Центар 36-годишна скопјанка го донела своето осумгодишно дете со наводно објаснување дека детето било злоставувано од неговиот татко. Од страна на полициски службеници извршени се разговори, врз детето е извршен лекарски преглед и констатирано е дека нема повреди.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости