Скопјанец шверцувал тројца Курди и двајца Сиријци, одреден му е 30-дневен притвор

by Fokus

Полицијата вчера открила петмина мигранти од кои тројца Курди и двајца Сиријци во возило управувано од скопјанец во близина на село Речица, информираа од МВР.

Според полицијата, во близина на село Речица, полициски службеници од ПС Белановце при контрола на патничко моторно возило со скопски регистерски таблици, управувано од И.Б.(36) од Скопје, пронашле тројца Курди А.М.(26), С.К.(35) и Д.Ф.(26) и двајца Сиријци А.А.А.(27) и М.К.А.(18).

Тие заедно со возачот се приведени во Полициска станица. Од страна на Основен суд – Скопје на И.Б. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Поврзани новости