Скопјанец ги кршел вратите на продавниците и ограбувал во трговскиот центар Бисер во Аеродром

by Fokus

Поднесена е кривична пријава против 21-годишниот А.Б. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба“, казниво по член 236 од Кривичниот законик на Република Македонија, со што се стекнал со противправна имотна корист од 364.500 денари, а причинил вкупна материјална штета од 3.500 денари.

Според полицијата, пријавениот на 23/24.04 и 09.12.2017 година извршил тешки кражби во продавници на ул.„Бојмија“ и бул. „Јане Сандански“ во Трговски центар Бисер во населбата Аеродром во Скопје. Сторителот со употреба на сила делувал на влезните врати, влегувал во продавниците и одземал пари и други предмети.

Со него бил извршен разговор при што го појаснил начинот на извршување на кривичните дела. Кај него биле пронајдени дел од украдените предмети, кои биле одземени и вратени на оштетените.

Поврзани новости