СЈО:Toчно е дека адвокати на власта бараа да затвориме предмети против осомничени функционери

by Фокус

Од Специјалното јавно обвинителство за Мета потврдиле дека до нив стигнале барања од адвокати на осомничени лица за кои се водат истраги, за запирање на постапката.

„Точна е информацијата дека е побарано од страна на адвокатите на осомничените да се стопира постапката и Ве известуваме дека овие барања се уште се предмет на разгледување од наша страна“, стои во одговорот од кабинетот на Јанева.

Адвокатите на аболицираните функционери на ВМРО ДПМНЕ поднеле барања до СЈО да се затворат постапките против Груевски, Јанкуловска, Јанакиевски, Протуѓер и останатите преставници на власта.

Веќе неколку пати правните застапници се повикале на одлуката за аболиција на Иванов и сугерираат СЈО под итно да ги прекине сите потраги и да ги затвори предметите, исто како што направиле судовите и ги прекинале сите постапки.

Во врска со измените на Законот за помилување што во четвртокот ги изгласа Собранието, а вчера експресно ги потпиша претседателот Ѓорге Иванов од СЈО изјавиле: „Една од примарните цели на ова Јавно обвинителство е борбата против криминалот и корупцијата и секој закон кој што ни овозможува непречено да ги водиме истрагите е од клучно значење за нас“.