СЈО ќе го повика Груевски на распит и ќе бара домашен притвор или одземање на пасошот

by fokus

Од Специјалното јавно обинителство денеска информираа дека поранешниот премиер Никола Груевски во наредниот период ќе биде повикан да даде исказ пред судија на претходна постапка како осомничен во случајот што го отвори Специјалното јавно обвинителство со име ТНТ.

Освен распит, СЈО за Груевски ќе побара и одредување мерки за претпазливост, односно, да му се одземе пасошот, да има обврска се јавува во Судот или да му се одреди мерка домашен притвор.

Освен за Груевски, се бараат мерки за претпазливост и за поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, а притвор бараат да им се определи на градоначалникот на Битола, Владимир Талески и за началникот на Петтата управа, Горан Грујовски.

Поврзани новости