СЈО: Без заштита на сведоците сме немоќни за одредени предмети

Од Специјалното јавно обвинителство велат дека тоа што владејачкото мнозинство гласаше против измени на Законот за заштита на сведоци и продолжување на мандатот на СЈО, дополнително ќе им ја отежни работата и не ќе можат да спроведат детални истраги за одредени предмети.

– Недонесувањето на Законот за заштита на сведоци ќе ја отежне нашата работа. Без тој закон остануваме немоќни да работиме по одредени предмети – изјавија од СЈО за Мета по денешната седница во Собранието.

Инаку, законските измени паднаа во Собрание со 36 „за“ и 54 „против“ од вкупно 90 присутни пратеници. Измените ги побара Катиза Јанева за поголема ефикасност на СЈО, а како предлагач во Собранието ги поднесе СДСМ.