СЈО ќе бара продолжување на рокот за истраги

by fokus

Специјалното јавно обвинителство ќе бара од Собранието да го продолжи рокот за завршување на истражните постапки и поднесување обвиненија против осомничените, брифираат за „Мета“ од СЈО.

Од СЈО потенцираат дека рокот од 18 месеци е прекус за целосни и објективни истраги за предметите кои произлеуваат од снимките од незаконското прислушување.

Затоа се надеваат дека „ релевантните институции ќе ја воочат потребата од промена на законската регулатива, што е во интерес на сите граѓани на Република Македонија“

Инаку, според законот за СЈО, специјалните обвинители можат да поднесат обвинение или да наредат запирање на истражна постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на преземањето на предметите и на материјалите во негова надлежност. Тимот на Катица Јанева почна со работа во декември, минатата година.

 

Поврзани новости