СЈО бара притвор за поранешните функционери поради опасност од бегство

by fokus

Од СЈО денеска соопштија дека до утре до Кривичниот суд ќе поднесат 17 обвиненија, во кои се гонат поранешни високи функционери. Оттаму појаснија дека за 18 од обвинетите бараат судот да им одреди мерка притвор, а за 47 побарале мерки на претпазливост.

Иако почеста пракса е обвинителството да бара притвор во фаза на истрага, сепак на располагање ја имаат и оваа можност, односно барања за притвор да поднесат и во фаза на поднесување на обвинителен акт. Во образложението на барањето обвинителите мора да го уверат судот дека постои опасност обвинетиот да избега од државата или да го повтори делото. Опасност да влијае врз сведоците и прибирање на доказите не постои, бидејќи истрагата е завршена.

Поврзани новости