Синдикатот на „Југохром“ побара нова средба со премиерот Заев, фабриката да почне со работа што поскоро

by fokus

Синдикатот на компанијата „Југохром“ бара нова средба со премиерот Зоран Заев бидејќи сè уште ништо не е реализирано од претходниот состанок меѓу нивните претставници и Владата, што се одржа на 18 јуни оваа година.

„На одржаната средба со Вас и со Кочо Анѓушев беше договорено дека ќе преземете активности за одржување средба со сопственикот на компанијата и со невладините организации, за повторно да се разгледаат и да се најдат начини за фабриката да почне со работа. Бидејќи помина подолго време, а сме под силен притисок од вработените во ‘Југохром’ за организирање протести, бараме да одржиме средба на која би нè информирале за моменталната состојба и за вашето мислење за статусот на компанијата. Ве молиме бараната средба да биде одржана во најкраток можен рок, односно уште во текот на оваа недела“, се вели во соопштението од „Југохром“.

Комбинатот престана со работа на 31 октомври минатата година откако Инспекторатот за животна средина донесе одлука да се запре производствениот процес на фабриката, поради непочитувањето на рокот за изградба на филтер-станицата.

Поврзани новости